Владата активно ги следи трендовите во металургијата и ќе направи максимум за да му помогне на секторот, рече денеска министерот за економија Беким Незири.
Одговорајќи на новинарско прашање по конференцијата за занаетчиството, Незири најави средби со претставниците од челичната индустрија кои вчера ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат и побараа поддршка од државата.
- Ќе имаме состаноци со претставниците од металургискиот сектор и ќе направиме максимум за да им помогнеме во рамки на законите и на можностите на државниот буџет- истакна Незири. Според министерот, проблемите во металургијата се од глобален карактер и не се случуваат само кај нас, туку секаде во светот. Македонија, додаде, е мала држава за да креира политика во овој сегмент. По падот на цените во сите металургиски гранки во светски рамки, состојбата се одрази и во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.