Првата колекција чевли за куќата Маноло Бланик во продажба ќе се најде на почетокот на мај.
Ријана е помошен дизајнер во колекцијата, која содржи шест чифта атрактивни чевли: салонки, сандали, високи чизми, чизми до глужд. Самиот наслов на колекцијата „Деним Дезерт” посочува на тоа дека се работи за чевли изработени од џинс, а се украсени со мотиви инспирирани од тетоважите на Ријана.
-Вкупно изработивме дури 45 чифта и тоа затоа што изработката е прилично скапа – појаснила Ријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.