| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер ја одреди сумата за најдобриот стрелец во Премиер лигата

dzejmi vardi

Екипата на Лестер која е лидер во Премиер лигата и забрзано ита кон шампионската титула во својот состав го има и најдобриот стрелец Џејми Варди.
Одличните партии кои ги прикажува Варди го принуди раководството на екипата да му ја зголеми неделната плата за двојно повеќе, од 40 на 80 илјади фунти.

Варди беше цел на многу богати европски клубови за доведување во своите редови уште во зимскиот преоден рок, но самиот тој изјави дека сака сезоната да ја заврши во Лестер.
Клубот од централна Англија и покрај тоа што оддолеа на понудите во јануари, не ја исклучува можноста да го продаде фудбалерот на крајот од сезона. Во новиот договор постои клаузула според која искусниот напаѓач е проценет на 30 милиони фунти. За прв стрелец во Премиер лигата тоа и не е голема сума, но не смее да се заборави дека Варди има полни 29 години, а Лестер на Флитвуд за него му даде само еден милион фунти.

Најзаинтересирани за Варди се Челси и Манчестер Јунајтед, но тој не би отишол таму ако не се пласираат во Лигата на шампионите. Челси ги загуби сите шанси за пласман на едно од првите четири места, додека Јунајтед се уште си игра со теоријата и се надева дека ќе заврши барем на четвртата позиција на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top