| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Србија се борат со поплавите, а некои делови се завеани со снег

Во планинските села кај Нова Варош без струја се околу 800 домаќинства поради снежно невреме кое вчера го зафатил овој дел од Србија
Отсечени се повеќе планински села а поради непроодни патишта немало настава во повеќе основни училишта.
Снегот кој паѓал пропратен е со силен дожд, скршени се над 50 дрвени, бетонски и метални столбови и бандери во нисконапонската електрична мрежа, а оштетен е далековод во Кокино Брдо кој напојува повеќе села со електрична енергија.
– Во планинските села има навеано околу 20 сантиметри влажен снег. Без струја е четвртина од територијата на општината а најтешка е ситуацијата во месните заедници Јасеново, Рутош и Драглица. Жиците на елекртоводите се скинати и паднати по селските патишта и дворови, па итно мора да се исклучат од напон за да не настрада некој. Ангажирана е целата расположлива механизација за да се исчистат планинските патишта, бидејќи до оштетените далеководи може единствено пеш – вели Иван Младеновиќ.
Излиени се многу планински потоци, а во селото Бистрица водата навлегла во неколку домаќинства. На повеќе места е појавено и лизгање на земјиштето но за среќа нема повредени.
– Надојдените реки и потоци срушиле повеќе дрвени пешачки мостови во Бистрица, Дражевиќ и Клак, а лизгањето на земјиштето во Трудово го повлекол и далеководот. Поради паднати дрва запрен е сообраќајот на повеќе локални патни насоки како и на регионалниот пат Кокин Брод – Љубиш, а чести се и одроните на патиштата па се советува внимателно возење – вели Мирољуб Шапониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top