Денеска на реконструираната железничка станица пристигна новиот воз во Прилеп. Според најавите на македонски железници, првично новата возна гарнитура ќе сообраќа на релација Скопје-Битола. Возот има 170 седишта , комфорен е и ги има сите перформанси за квалитет и удобно возење на македонските патници, телевизор и интернет, истакна Никола Костов директор на „Македонски железници“ кој заедно со возот пристигна на реконструираната прилепска железничка станица.
Градоначалникот Марјан Ристески го пречека пристигнувањето на возот и како добар домаќин им посака добредојде на првите патници. Тој имаше можност да го разгледа возот и се запозна со перформансите на овој современ воз, не изоставајќи при тоа да спомене дека сега, не само патниците во возот, туку и оние кои чекаат да пристигне, ќе имаат поквалитетна услуга со реконструкцијата на железничка станица во Прилеп.
Кина го освојува европскиот железнички пазар преку Македонија.
Од кинеската компанија набавени се две електрични и четири дизел локомотиви кои ќе сообраќаат по најфреквентните линии и ќе заменат 60% од постојниот возен парк.
Набавката на шесте возови вреди 25 милиони евра. Со уште 10 милиони ќе се обноват дел од постојните вагони и локомотиви. Заедно со новите товарни вагони, во железничкиот транспорт се инвестираат вкупно 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.