Најдобриот српски тенисер и првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ и оваа година е номиниран за престижниот Лауреус трофеј, кој се доделува на најдобриот спортист на светот.
Неговиот тренер воопшто не е зачуден што Новак се најде на листата и е кандидат за наградата која минатата година ја освоил, со оглед на тоа што, како што изјави неговиот штитеник, од година во година е се подобар и подобар.
Хусеин Болт, Стефон Кари, Лионел Меси, Луис Хамилтон и Џордан Спит – тоа се имињата меѓу кои се најде и името на Ѓоковиќ, а Бекер тврди дека главна причина е тоа што Новак и покрај толку успеси, не се откажува, според него тој е уличен борец кој е најдобар токму тогаш кога е најтешко.
– Тој има неверојатна мотивација да победи и за разлика од другите тој секогаш сака да оди скала погоре. Ѓоковиќ не е растен со златна лажица. Тој е роден во Србија во време кога земјата беше растргната од војни и токму поради тоа тој неколку пати морал да се сели. Бомби му летаа над главата додека растеше, можете ли тоа да го замислите? Мислам дека токму тој период го одреди неговиот карактер – порачал Бекер во интервјуто за британските медиуми во кое го нарекол Новак уличен борец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.