| четврток, 6 декември 2018 |

Копилотот самоубиец се плашел да не ослепи-протече последната порака на Лубиц

лубиц
 Дваесетина денови  воочи првата годишнина од соборувањето на Ербасот А320 на германскиот авиопревозник Ервингс, кој со 149 патници и членови на екипажотсе заби во француските Алпи, протече содржината на еден од последните меилови на Андреас Лубиц(27) за кој се верува дека намерно го сруши авионот.
-Се плашам дека ќе ослепам, не можам тоа да го исфралам од глава-напишал меѓу другото Лубиц во меилот кој две недели пред кобниот лет го пратил на својот доктор.
Во меилот исто така напишал дека пиел антидепресиви кои се користат како таблети за спиење. Додал дека поголема доза го прави растроен и го напаѓа паника поради слабеење на видот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top