Копилотот на „Герман вингс“, 28-годишниот Андреас Лубиц, кој намерно го урнал авионот и во смрт одвел 149 луѓе, наводно ставил диуретик во кафето на пилотот Патрик Сонденхајме, за да го принуди да ја напушти кабината и да оди во тоалет, пишува британски „Мирор“.
Најновото тврдење на весникот ги поткрепува наводите на германскиот весник Колнер Експрес, кој пишува дека Лубиц пред влегувањето на кобниот лет, на „Гугл“ пребарувал диуретици.
Тие податоци, наводно, се пронајдени за време на деталниот преглед на компјутерот на Лубиц запленет во Дизелдорф, кратко по несреќата.
Полицијата сè уште спроведува истрага за причините што го натерале копилотот Лубиц на страшниот чин.
Се очекува оваа седмица полицијата да изнесе нови информации пронајдени во компјутерот на Лубиц.
Втората црна кутија од авионот покажала дека леталото со 150 патници и членови на екипажот било намерно урнато.
Првата црна кутија, пронајдена на самиот ден на несреќата откриле дека во моментот на драмата копилотот бил сам во пилотската кабина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.