| четврток, 6 декември 2018 |

Поради страв од слепило, Лубиц двојно ја зголемил дозата на антидепресиви

лубиц

Пилотот на „Џерманвингс“ Андреас Лубиц се плашел дека може да ослепи и ја зголемил дозата на антидепресиви пред авионската несреќа во француските Алпи. Како и да е, неговите доктори не ја известиле компанијата поради законите за заштита на приватноста, објавија француските обвинители, пренесува Раша Тудеј.

Само еден месец пред Лубиц намерно да го урне авионот на „Џерманвингс“, тој имал седум средби со лекари. Три од нив биле со психолози.

Лекарите утврдиле дека копилотот кој се смета дека е виновен за смртта на 150 лица во несреќата, бил „доста депресивен, доста несигурен во себе си и давал впечаток дека е психички нестабилен, вели јавниот обвинител во Марсеј Бри Робен.

Тој исто така појаснил дека 27-годишниот копилот  „ се плашел дека ќе ослепи“ , според податоците од неговиот таблет компјутер.

Истрагата покажала дека две години пред несреќата, Лубиц испратил меил до лекарот во кој тврдел дека двојно ја зголемил дозата на антидепресиви поради инсомнијата која била предизвикана од стравот да не го загуби видот. Се очекува, обдукцијата на телото на Лубиц да покаже дали тој земал било какви лекови на денот на кобниот лет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top