| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари на „Луфтханза“ барале Лубиц да се лекува

Лекарите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ препорачеле пилотот Андреас Лубиц, осомничен дека намерно го урнал авионот на  „Џерманвингс“ над француските Алпи, да биде подложен на психијатриски третман поради депресија.

Германскиот весник Bild am sontag, повикувајќи се на документи до кои дошле германските цивилни воздухопловни органи, објави дека лекарите напишале дека „Лубиц треба да продолжи да прима медицински третман, иако сметале дека бил подобен за летање.

Лубиц ја прекинал обуката во 2009 година и ја известил компанијата „Луфтханза“ за својата болест.

Во лекарскиот извештај не се прецизира дали навистина Лубиц имал полза од земањето на лекови.

Германското обвинителство соопшти дека на Лубиц му била дијагностицирана „склоност кон суицид пред неколку години“, односно пред да стане пилот, но подоцна делувал  многу постабилно.

Потпаролот на „Луфтханза“ одбил да го коментира текстот на Bild.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top