| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао се врати на тренинзите на Челси

falkao

Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао се приклучи на тренинзите на Челси, откако ја надмина повредата на мускулот. Тој нема настап во Премиер – лигата од октомври 2015 година, со оглед дека долго се мачеше со повредите.

Популарниот „Ел тигре“ никако не може да ја врати својата некогашна форма, а се надева дека сепак ќе конкурира за составот во претстојниот период.

– Се радувам што повторно сум на тренинзите заедно со останатите соиграчи. Минав тежок период, но не сакам да размислувам за тоа, туку да се фокусирам на иднината – изјави Фалкао.

Колумбиецот оваа сезона забележа девет настапи во дресот на Челси, а стартер беше само еднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top