Томаш Бочек, специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци од 7-ми ди 11 март ќе ги посети Грција и Република Македонија, во неговата прва мисија на теренот.
За време на посетата, Бочек, кој беше назначен на оваа функција на крајот од јануари, ќе ги посети „жешките точки” и прифатилиштата на бегалците и мигрантите во Грција и Македонија.
Според службата за печат на Советот на Европа, специјалниот претставник за миграција и бегалци, исто така, ќе се сретне со претставници на владата, локалните и независни органи и претставници на УНХЦР и невладини организации со цел да се соберат информации за состојбата на барателите на азил и други мигранти.
Тој притоа посебно ќе посвети внимание на прашањата во врска со барањето на азил и деца мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.