| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со туна – за три дена три килограми помалку

Диетата со туна е краткорочна инстант диета од која просечно се слабее 1,5-2 кг за 3 дена. Оваа диета за слабеење не бара многу одрекување, а од друга страна постигнува добри резултати. Туната е особено богата со здрави омега 3 масти, кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем. Исто така Омега 3 киселините влијаат позитивно на мозочните функции, го намалуваат ризикот од бројни болести, а тоа е она што нам ни е од особена важност кога станува збор за слабеењето.

Тродневната диета со туната има едно правило, а тоа е: „јадете туна секој ден“. Ние ви препорачуваме да ја зачинувате со лимонов сок.

Прв ДЕН

  • Појадок: една шолја незасладен чај или кафе без шеќер, 1/3 цитрон или сок, парче тост-леб
  • Ручек: тост-леб (1 парче), ½ шолја туна со сок од лимон, сода вода, црн чај или кафе без шеќер.
  • Вечера: 100 г посно месо, пилешко (печено на скара/приготвено со мин масти) или риба, 1 шолја боранија, 1 шолја рендан морков, 1 јаболко, незасладено кафе или чај.
  • Втор ДЕН
    • Појадок: 1 варено јајце, 1 парче тост-леб, банана, кафе или незасладен чај.
    • Ручек: 1 шолја туна со лимонов сок (по потреба), 5 крекери, шолја чај или кафе без шеќер.
    • Вечера: 2 виршли, шолја зелка или брокула, ½ шолја рендан морков, ½ шолја ванила сладолед или млеко.

    Трет ДЕН

  • Појадок: незасладен чај или кафе, 5 солени крекери или помалку, 100 грама сирење со ниска масленост, 1 јаболко со средна величина.· Ручек: 1 варено јајце, парче тост-леб, шолја кафе или чај без шеќер.

    · 1 шолја туна со малку лимонов сок, 1 шолја рендан морков, 1 шолја карфиол, ½ диња или цело јаболко, ½ шолја сладолед од ванила или млеко.

    Придржувајте се на диет планот и не ја продолжувајте преку прошишаниот период. Доколку ја продолжите ваквата исхрана подолго од две седмици, може да биде опасна по вашето здравје.

    30 минутна физичка активност е неопходна, брзи прошетки и полесни вежби.

    Добро распоредете ги оброците по денови, правете еднакви растојанија и потрудете се да ја сервирате вечерата не подоцна од 18 часот. После ова време може да консумирате само вода или билковен чај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top