| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија донира 150 илјади долари за справување со мигрантската криза во Македонија

Ова е четврта помош од Јапонија за мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари (4,2 милиони евра)

Владата на Јапонија одлучи со грант во износ од 150.000 американски долари директно да ги поддржи локалните власти во Гевгелија и Куманово, кои се најпогодени од мигрантска криза во Македонија.

Како што информираат од Амбасадата на Јапонија со седиште во Виена, преку Грант програмата за поддршка на мали проекти (ГГП) Јапонија ќе помогне во рехабилитација и обнова на медицинска опрема за ЈЗУ Општа Болница – Гевгелија и набавка на специјализирано возило за отпад и контејнери за општина Куманово.

Ова е четврта помош од Јапонија за мигрантската криза во Македонија. Од минатиот септември до сега, поддршката од Јапонија за централната и локалните власти во Македонија изнесува над 5,2 милиони американски долари (4,2 милиони евра).

Во септември Јапонија додели грант од околу 930.000 американски долари за поддршка на бегалците во Македонија преку УНХЦР, ИОМ и Меѓународниот Црвен крст.

Во ноември уште 1,2 милиони американски долари за поддршка на планот на УНХЦР за справување во зимски услови со бегалската криза во Македонија.

Во јануари 3 милиони американски долари, преку дополнителен буџет на државата, за проектите на УНДП и УНИЦЕФ за поддршка на локалните власти и поддршка на жени и деца – бегалци и мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top