Силниот тајфун Џонгдари се движи кон најголемиот јапонски остров Хоншу, соопшти денеска метеоролошката служба на Јапонија.
Ова е 12-ти тајфун во текот на оваа сезона, но Јапонците се надеваат дека тој ќе донесе барем делумно заладување по големите летни горештини. Најмалку три лица починаа вчера како резултат на високите температури.
Тајфунот е на 230 километри од Јапонија и се движи со брзина од 30 километри на час. Во неговото жариште дуваат ветрови со брзина од над 140 километри на час.
Метеролозите предупредуваат на опасноста да се повторат поројните дождови од почетокот на јули, кои предизвикаа поплави и свлечиште во западниот дел на Јапонија, при што загинаа 224 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.