| четврток, 6 декември 2018 |

Целта кон врвот како начин на живот

Ма­ке­до­ни­ја има по­ве­ќе пла­нин­ски ма­си­ви и вр­во­ви од Швај­ца­ри­ја. Има од­лич­ни ус­ло­ви и по­ве­ќе мож­но­сти за раз­лич­ни ви­до­ви иска­чу­ва­ња. На­ша­та зем­ја е бо­га­та и цел­та е да се доб­ли­жи­ме до при­ро­да­та ко­ја тре­ба да е дел од нас

Не­де­ла е твој ден, ден кој тре­ба да би­де ре­зер­ви­ран за сопс­тве­ни­те жел­би и по­тре­би. За ед­на гру­па лу­ѓе не­де­ла е ден за при­ро­да­та, за пла­ни­ни­те, за аван­ту­риз­мот. Чле­но­ви­те на фејс­бук-гру­па­та „Ај лав хај­кинг -груп Ма­се­до­ни­ја“ (I love hiking – group Macedonia) ве­лат де­ка се за­вис­ни од при­ро­да­та. За­тоа не­де­ла е ден ко­га ги оста­ва­ат си­те фа­ми­ли­јар­ни об­вр­ски и го ко­ри­стат сво­јот мо­мент – мо­мент за друж­ба и за аван­ту­ри­зам. Ме­ѓу два ви­кен­да, во пер­и­од ко­га се ма­кси­мал­но ан­га­жи­ра­ни око­лу ор­га­ни­за­ци­ја на но­ва аван­ту­ра и но­во иска­чу­ва­ње на не­ко­ја пла­ни­на, раз­го­ва­рав­ме со Де­јан До­нев­ски и со Але­ксан­дар Бог­да­нов­ски, ед­ни од глав­ни­те ор­га­ни­за­то­ри на оваа фејс­бук-гру­па. Разговорот со нив бе­ше ви­стин­ско ужи­ва­ње и, се­ка­ко, осоз­на­ва­ње на со­се­ма по­и­на­ков на­чин на жи­вот ис­пол­нет со не­се­којд­нев­ни си­ту­а­ции и искус­тва.

ilovehiking-planinari

– Сѐ уште сме не­фор­мал­на гру­па „Ај лав хај­кинг -груп Ма­се­до­ни­ја“ (I love hiking – group Macedonia) и функ­ци­о­ни­ра­ме са­мо на „Фејс­бук“. Во неа актив­но се вклу­че­ни по­ве­ќе од 1.000 лу­ѓе кои ги са­ка­ат при­ро­да­та и пла­ни­ни­те. Се­ка­ко, цел­та е да из­ле­зе­ме од сте­ре­о­ти­пи­те на оние по­стој­ни­те пла­ни­нар­ски гру­пи. Са­ка­ме да на­пра­ви­ме не­што мно­гу по­го­ле­мо, со це­лос­на афир­ма­ци­ја на мно­гу лу­ѓе, да ги пот­тик­не­ме да ја са­ка­ат при­ро­да­та и да ужи­ва­ат во неа. Се­га за­се­га ни оди од­лич­но и во овие три го­ди­ни, отка­ко го за­поч­нав­ме овој на­чин на жи­вот, бро­јот на при­вр­за­ни­ци е сè по­го­лем – ко­мен­ти­ра Де­јан.

Нив­на­та гру­па не­ма ни­ка­кви гра­ни­ци и огра­ни­чу­ва­ња. Ве­лат, си­те про­фе­сии се за­ста­пе­ни не­ма по­дел­би, ни­ту по ве­ра, ни­ту по на­ци­ја. Сопс­тве­ни­ци на фир­ми, фи­ло­ло­зи, ин­же­не­ри, ле­ка­ри, про­фе­со­ри, ад­во­ка­ти, спор­ти­сти, но­ви­на­ри се са­мо дел од кру­гот на лу­ѓе­то што за­ед­нич­ки ги по­ми­ну­ва­ат ви­кен­ди­те.

– При­вр­за­но­ста до­ве­ду­ва и до ра­ѓа­ње на љу­бо­ви, вр­ски. Важ­но е што зна­е­ме што са­ка­ме, што ни е цел­та. Си­те исто раз­мис­лу­ва­ме и по­са­ку­ва­ме ова да трае – ве­ли Де­јан.

ilovehiking-53

Си­те овие лу­ѓе си има­ат свој при­ва­тен жи­вот. Не­кои и се фа­ми­ли­јар­ни, не­кои до­а­ѓа­ат са­ми, а не­кои со це­ло­то се­мејс­тво. Пла­ни­на­та им ка­ко вен­тил и „бе­га­ње“ од се­којд­нев­ни­те об­вр­ски. Те­жи­на­та на на­ста­нот што го ор­га­ни­зи­ра­ат е раз­ли­чен. Не­ко­гаш се пра­ват по­те­шки ту­ри, а тоа чле­но­ви­те го зна­ат. Од­на­пред се свес­ни де­ка пре­диз­ви­кот за тој ви­кенд е огро­мен за­лак за нив.

– Ор­га­ни­за­ци­ја­та не е се­ко­гаш на исто ни­во. Сѐ за­ви­си до кој сте­пен е ту­ра­та, те­шка, сред­на или лес­на. По­не­ко­гаш од­на­пред се знае де­ка на еден на­стан не мо­же да дој­дат си­те чле­но­ви. Има­ме и мно­гу но­ви чле­но­ви кои се прик­лу­чу­ва­ат на лес­ни ту­ри и сѐ до­де­ка не до­би­јат со­од­вет­на обу­ка не мо­жат да при­сус­тву­ва­ат на по­те­шки­те иска­чу­ва­ња би­деј­ќи и не­ма­ат со­од­вет­на опре­ма и до­вол­но искус­тво. Има гру­па од 25 лу­ѓе ко­ја ги по­се­ту­ва си­те ор­га­ни­за­ции и ко­ја по­се­ду­ва се­ка­ква опре­ма, од спе­ци­јал­ни чев­ли, об­ле­ки, јак­ни, ја­жи­ња. А со­би­ра­ње­то за­поч­на со­се­ма спон­та­но, се­кој ин­ди­ви­ду­ал­но се ка­чу­ва­ше на пла­ни­на. Се сре­ќа­вав­ме та­му, ко­му­ни­ци­рав­ме, се дру­жев­ме и поч­нав­ме за­ед­но да се ор­га­ни­зи­ра­ме – рас­ка­жу­ва Але­ксан­дар за по­че­то­ци­те на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на гру­па­та.

Глав­но, пр­ви­те чле­но­ви на гру­па­та би­ле лу­ѓе од Скоп­је, би­деј­ќи, ка­ко што ве­лат, Вод­но е ме­сто­то ка­де што нај­че­сто мо­жат да се ви­дат пла­ни­на­ри. Но се прик­лу­чу­ва­ат и гру­пи и по­е­дин­ци од дру­ги гра­до­ви. Се­ко­гаш под­го­тве­на за но­ви аван­ту­ри се гру­пи­те од Ве­лес, од Ко­ча­ни и од Би­то­ла.

ilovehiking-26

По­зи­тив­на енер­ги­ја, актив­ност, за­ба­ва

Актив­но­сти­те за вре­ме на ви­кенд за Але­ксан­дар се ед­но по­и­на­кво тро­ше­ње на енер­ги­ја­та, по­и­на­ков спорт, ден ко­га цел ден си ан­га­жи­ран и ужи­ваш во при­ро­да­та.

– Го ко­ри­сти­ме се­кој ви­кенд да ор­га­ни­зи­ра­ме но­ва ту­ра иска­чу­ва­ње на пла­ни­на. Це­ли­от на­стан по­ми­ну­ва во друж­ба, смеа, за­ба­ва. Си­те за­ед­но функ­ци­о­ни­ра­ме, за­ед­но де­ли­ме хра­на,опре­ма, раз­ме­ну­ва­ме жи­вот­ни искус­тва. Се слу­чу­ва след­ни­от ден да не мо­же­ме да функ­ци­о­ни­ра­ме по­ра­ди фи­зич­ки­от за­мор, но два де­на по­доц­на ве­ќе сме среќ­ни, фо­ку­си­ра­ни, осве­же­ни и вед­наш поч­ну­ва­ме да раз­мис­лу­ва­ме за след­ни­от ви­кенд и за след­на ор­га­ни­за­ци­ја. Тоа нѐ ис­пол­ну­ва – до­пол­ни Але­ксан­дар.

„Ај лав хај­кинг -груп Ма­се­до­ни­ја“ до­се­га има по­ве­ќе од 100 ор­га­ни­зи­ра­ни иска­чу­ва­ња на вр­во­ви. Ми­на­та­та го­ди­на од 52 ви­кен­да има­ле ду­ри 50 ор­га­ни­зи­ра­ни иска­чу­ва­ња на пла­ни­на и осво­ју­ва­ње на вр­во­ви. Се слу­чу­ва на тие ту­ри да дој­дат и по 150 лу­ѓе.

– Се­кој член во гру­па­та се фи­нан­си­ра од сопс­твен џеб. Се слу­чу­ва да до­го­во­ри­ме иска­чу­ва­ње на ма­ке­дон­ска пла­ни­на и су­ма­та што е по­треб­на да е мно­гу ма­ла. Пат­ни­те тро­шо­ци ги де­ли­ме ед­на­кво, а тие не се по­ве­ќе од 500 де­на­ри. Има слу­чаи ка­де што ор­га­ни­зи­ра­ме и па­ту­ва­ња во странс­тво со пре­но­ќу­ва­ње. Тоа се­ко­гаш се слу­чу­ва во пла­ни­нар­ски до­мо­ви кои од­на­пред ни се до­го­во­ре­ни би­деј­ќи со ло­кал­ни­те пла­ни­нар­ски друш­тва има­ме од­лич­на со­ра­бо­тка и го нај­а­ву­ва­ме на­ши­от пре­стој та­му. За ор­га­ни­за­ци­ја на та­кво не­што су­ма­та е, се­ка­ко, по­го­лема, но ни­ко­гаш по­ве­ќе од 50 евра. Се­га за­се­га е са­мо во окол­ни­те др­жа­ви би­деј­ќи не мо­же­ме фи­нан­си­ски да го по­кри­е­ме це­ли­от на­стан. Но по­се­ту­ва­ме и ба­њи и кул­тур­ни зна­ме­ни­то­сти кои се на­о­ѓа­ат на пла­ни­на. Ед­но­став­но, цел­та е друж­ба со мно­гу лу­ѓе кои се дру­же­љу­би­ви и кои са­ка­ат да иску­сат не­што но­во во жи­во­тот. Тоа за­се­га е од­лич­но при­фа­те­но и број­ка­та е сѐ по­го­ле­ма – ве­ли Де­јан.

ilovehiking-51

Ко­га ќе стиг­неш до цел­та ги за­бо­ра­ваш си­те те­шко­тии

Гру­па­та на Але­ксан­дар и Де­јан е актив­но вклу­че­на во ор­га­ни­за­ци­ја на тра­ди­ци­о­нал­но­то иска­чу­ва­ње на Го­лем Ко­раб по по­вод др­жав­ни­от праз­ник 8 Сеп­тем­ври, ту­ра во ко­ја учес­тву­ва­ат ил­јад­ни­ци љу­би­те­ли на при­ро­да­та.

– На пос­лед­но­то иска­чу­ва­ње са­мо пре­ку на­ша­та ор­га­ни­за­ци­ја беа вклу­че­ни по­ве­ќе од 50 лу­ѓе иа­ко це­ла­та ор­га­ни­за­ци­ја е на пла­ни­нар­ско­то друш­тво „Ко­раб“. Ги сле­ди­ме и дру­ги­те тра­ди­ци­о­нал­ни иска­чу­ва­ња ка­ко што е Ти­тов Врв на 25 мај, Љу­бо­тен… Не­кои пла­ни­нар­ски друш­тва мис­лат де­ка ние сме тие што им ги кра­де­ме лу­ѓе­то и не сме во до­бри од­но­си. Ние са­мо са­ка­ме да афир­ми­ра­ме што по­ве­ќе лу­ѓе, не са­мо тие што ќе ги срет­не­ме на пла­ни­на. Има­ме пра­ви­ла кои од­на­пред се на­пи­ша­ни и се­кој нов член мо­ра де­тал­но да ги про­чи­та и стро­го да се при­др­жу­ва кон нив. Се­га за­се­га си­те се при­мер­ни – низ ше­га ко­мен­ти­ра­ат на­ши­те со­го­вор­ни­ци.

Ве­лат де­ка се­кој нов на­стан си е при­каз­на за се­бе и не се по­вто­ру­ва. На фејс­бук-гру­па­та од­на­пред се на­пи­ша­ни си­те де­та­ли за ту­ра­та што се ор­га­ни­зи­ра – по­треб­на опре­ма, хра­на, фи­нан­си­ски средс­тва, фи­зич­ка под­го­то­вка. За­тоа и не мо­же се­ко­гаш да ги при­фа­тат си­те што са­ка­ат да дој­дат.

– Во Ма­ке­до­ни­ја ги има­ме иска­че­но по­ве­ќе­то вр­во­ви. Мо­же да се по­фа­ли­ме де­ка оди­ме и во дру­ги­те др­жа­ви кои по­ве­ќе или по­мал­ку ли­чат на про­ше­тки. Има и лес­ни, но и те­шки иска­чу­ва­ња. Во Ср­би­ја во пос­лед­но вре­ме бев­ме да ја иска­чи­ме Бес­на Ко­би­ла со по­се­та на Врањ­ска Ба­ња, во Бу­га­ри­ја иска­чу­ва­ње на нај­ви­со­ки­от врв на Бал­ка­нот, Му­са­ла, на пла­ни­на­та Ри­ла и пла­ни­на­та Пи­рин со вр­вот Ви­хрен, во Гр­ци­ја на Кај­мак­ча­лан и на Олимп со ре­ла­кса­ци­ја во Лу­тра­ки – Де­јан ги рас­ка­жу­ва нај­ин­те­рес­ни­те ту­ри.

ilovehiking-2

Не­ко­гаш под­го­то­вки­те за иска­чу­ва­ње на по­ек­стрем­ни пла­ни­ни тра­ат со ме­се­ци. Иска­чу­ва­ње­то на Му­са­ла е ед­на по­себ­на при­каз­на во нив­на­та до­се­гаш­на актив­ност на пла­ни­ни­те. Ве­лат дека мо­ра да се сле­дат и вре­мен­ските ус­ло­ви и мо­ра да се има под­др­шка од ло­кал­ни пла­ни­нар­ски друш­тва.

– Бев­ме гру­па од 15 лу­ѓе и функ­ци­о­ни­рав­ме ка­ко еден. Мо­ра да се по­се­ду­ва опре­ма за та­кви ус­ло­ви. Спе­ци­јал­ни па­ти­ки за мраз, јак­ни кои не про­пу­шта­ат во­да, ја­жи­ња, ба­те­рии, ра­ка­ви­ци, стап­чи­ња. Одев­ме по за­мрз­нат снег, со огро­мен ве­тер. Ко­га сѐ ќе се за­вр­ши и ќе се стиг­не до нај­ви­со­ка­та точ­ка, си­те те­шко­тии по пат се за­бо­ра­ва­ат – за­до­во­лен е Де­јан што за тол­ку кра­тко пер­и­од мо­же да се по­фа­ли со единс­тво во гру­па­та.

Де­јан и Але­ксан­дар се фас­ци­ни­ра­ни од она што го ну­ди Ма­ке­до­ни­ја за ал­тер­на­ти­вен ту­ри­зам. Ве­лат Ма­ке­до­ни­ја има по­ве­ќе пла­нин­ски ма­си­ви и вр­во­ви од Швај­ца­ри­ја, има од­лич­ни ус­ло­ви и по­ве­ќе мож­ност за раз­лич­ни иска­чу­ва­ња.

– Се­ка­ко, жел­ба ни е во бр­зо вре­ме да по­се­ти­ме и да иска­чи­ме и не­ко­ја дру­га пла­ни­на во по­да­леч­на др­жа­ва. Во след­ни­от пер­и­од ќе ор­га­ни­зи­ра­ме по­лес­ни ту­ри за по­ве­ќе лу­ѓе. Са­ка­ме да се оби­де­ме да иска­чи­ме не­кој врв на Ал­пи­те. Да­ли ќе би­де Сло­ве­ни­ја или Ав­стри­ја, Швај­ца­ри­ја, тоа по­доц­на ќе се од­лу­чи. Се­ка­ко, гру­па­та тре­ба да би­де под­го­тве­на и да е по­го­ле­ма од де­вет-де­сет лу­ѓе, за­тоа што се­кој си ја знае сво­ја­та об­вр­ска. До­ло­ми­ти­те во Ита­ли­ја се пре­крас­ни за иска­чу­ва­ње, Триг­лав, Ара­тат во Тур­ци­ја. Се­пак, за тоа е по­треб­на и по­ква­ли­тет­на и по­до­бра опре­ма би­деј­ќи си­те тие вр­во­ви се по­ви­со­ки од 4.000 ме­три и ба­ра­ат по­ве­ќе на­пор и енер­ги­ја. За да се ос­тва­ри та­кво не­што мо­ра да се обез­бе­дат и по­ве­ќе фи­нан­сии, но сѐ во свое вре­ме – оп­ти­ми­стич­ки го за­вр­шу­ва­ат на­ши­от раз­го­вор Але­ксан­дар и Де­јан.

Подготви: Бојан Момировски
(Текст објавен во 182. број на неделникот „Република“, 26.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top