| четврток, 6 декември 2018 |

Казни до 2.000 евра: Забраната за движење во шума важи и за Водно

vodno krst

Многу рекреативци од главниот град можеби не ја сфатија сериозно забраната за движење низ шума на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ќе важи до 15 август.

Според неа, во шума може да се оди само по 17 часот попладне, а целта на оваа забрана е спречување пожари, кои се честа појава во летниот период. Забраната за движење во шуми од 7 до 17 часот важи и за Водно. Ако градските инспектори затекнат некого на планината во овој период, ќе му напишат казна од 1.500 до 2.000 евра.

„Во периодот од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и во шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност. Лицата имаат обврска за ненанесување штети на шумата, како палење на отворен оган“, се вели во забраната.

Ограничувањето за движење не важи за организирана тура на туристи, но задолжително со нив ќе мора да има претставник од ЈП „Македонски шуми“ или од националните паркови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top