| четврток, 6 декември 2018 |

Со фенери до врвот на Скопје

Во среда во 20:00 часот (20.07.2016) ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно„. Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст. Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

fenerce na vodnoСтартно и собирно место- пред “Оу. Кочо Рацин”. во 19:15 часот. На истото место групата ќе се врати околу полноќ.

За оние со послаби кондициони способности, се препорачува искачување само до средно Водно.

Заинтересираните кои сакаат да тргнат од средно Водно, да бидат кај фонтаната во 20:15 часот.

Планирана е една официјална пауза на Средно Водно, во траење од 5 до 10 минути.

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче
– резервна маица
– 0.5/1.5 литри вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top