| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Љубинка Манчевска во Кавадарци

­ Во Музеј галеријата во Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на академскиот уметник Љубинка Манчевска, насловена „Пејсажни варијации”. Кустос етнологот Кети Ванчева појасни дека традиционално секоја година во пресрет на Меѓународниот ден на жената, музејот организира изложба од автор­жена. Манчевска е родена во Велес, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Со ликовно творештво се занимава повеќе од три децении. Има неколку самостојни изложби, а учествувала и на неколку групни национални и меѓународни изложби и колонии. Се претставува со 40 свои уметнички дела. ­ Широките четки се нејзиниот нов ракопис, автентичен за неа, по кој веќе ја препознаваме. Тоа се црвените платформи произведени со нив, тоа се одново небесните синила, фузирани со прекрасни ликовно­естетски трепетливи креации, рече Весна Ѓорѓиева, виш кустос историчар на уметноста со археологија. Авторката изрази задоволство од прекрасната организација на изложбата во Кавадарци. сд/ рп/10:23 ### Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена до

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top