| четврток, 6 декември 2018 |

Во име на лазањите – табу

galijana-184x115

Колумнист:
Будимка Поповска
(сестра Макрина)

Збо­рот „та­бу“ има по­ли­не­зи­ско по­тек­ло и за прв­пат го упо­тре­бил ка­пе­та­нот Џемс Кук, по ед­но свое па­ту­ва­ње во 1773 го­ди­на на При­ја­тел­ски­те Остро­ви (де­нес Тон­га). Сво­е­то ма­ло лин­гви­стич­ко откри­тие Кук им го пре­нел на сво­и­те зем­ја­ци ве­леј­ќи де­ка Тон­ган­ци­те го ко­ри­сте­ле овој збор за не­шта­та што би­ле за­бра­не­ти за ја­де­ње или за упо­тре­ба. Иа­ко збо­рот се по­ја­ву­ва и во дру­ги­те по­ли­не­зи­ски ја­зи­ци, зна­че­ње­то на кое сме на­вик­на­ти во Евро­па е ток­му тон­гин­ско­то, ко­га ка­ко при­да­вка оз­на­чу­ва не­што што е за­бра­не­то…

Од сво­и­те по­че­то­ци во По­ли­не­зи­ја, збо­рот  мно­гу про­па­ту­вал, ре­чи­си ка­ко и са­ми­от Кук, и во де­неш­но вре­ме има ши­ро­ка упо­тре­ба во анг­ли­ско­то го­вор­но по­драч­је…

Во ре­ли­ги­ски кон­текст, та­бу­из­мот прет­ста­ву­ва не­ка­ква све­тост и не­при­кос­но­ве­ност на пред­ме­ти, ме­ста или лич­но­сти по­све­те­ни на бо­го­ви­те, кои, ако се до­прат, но­сат не­сре­ќа или смрт. Ова е еден од нај­ни­ски­те кул­то­ви не­гу­ва­ни во ре­ли­ги­ја­та на остров­ски­те по­ли­не­зи­ски на­ро­ди.

Во пси­хо­ло­ги­ја­та прв го упо­тре­бу­ва Зиг­мунд Фројд, во сво­е­то де­ло „То­тем и та­бу“ од 1912 го­ди­на, во кое пси­хо­а­на­ли­тич­ки­те ап­ли­ка­ции ги при­ме­ну­ва на по­ле­то на ар­хе­о­ло­ги­ја­та, ан­тро­по­ло­ги­ја­та и ре­ли­ги­ја­та. Оваа кни­га се со­стои од че­ти­ри­те поз­на­ти есеи: „Страв од ин­цест“, „Та­бу­то и емо­ци­о­нал­на­та ам­би­ва­лент­ност“, „Ани­ми­зам, ма­ги­ја и се­мо­ќта на мис­ли­те“ и „Вра­ќа­ње­то на то­те­миз­мот во дет­ство­то“ (The Horror of Incest”; “Taboo and Emotional Ambivalence”; “Animism, Magic and the Omnipotence of Thoughts”; and “The Return of Totemism in Childhood”).

Тоа што нè за­се­га нас ту­ка и што нѐ ин­те­ре­си­ра е кои се та­бу­а­та на мо­дер­но­то вре­ме, кои се то­те­ми­те на со­вре­ме­но­то не­о­ли­бе­рал­но оп­штес­тво, кои со­вре­ме­ни­от гра­ѓа­нин го за­стра­шу­ва­ат и за­та­пу­ва­ат исто­вре­ме­но пра­веј­ќи го не­мо­ќен да се от­трг­не од вли­ја­ни­е­то на моќ­ни­те сим­бо­ли на кои пр­во са­ми­от им има да­де­но  дел од сво­ја­та ду­ша, пре­ку ве­ру­ва­ње­то  во си­ла­та на ло­стот што се прид­ви­жу­ва при се­кој обид на умот да ѕир­не што има зад оз­на­ка­та за за­бра­на. Кој ги кон­стру­и­ра та­бу­а­та?

Тон­ган­ски­те Остро­ви се поз­на­ти и ка­ко При­ја­тел­ски Остро­ви, име што го до­би­ле по по­се­та­та на Џејмс Кук во 1773 го­ди­на ка­ко ре­зул­тат на при­ја­тел­ски­от пре­чек од ло­кал­но­то на­се­ле­ние. Џејмс Кук при­стиг­нал на остро­ви­те за вре­ме на фе­сти­ва­лот „Ина­си“. Тон­га е единс­тве­на­та на­ци­ја во ре­ги­о­нот, ко­ја офи­ци­јал­но не би­ла под ко­ло­ни­за­ци­ја. Иа­ко Тон­га е кралс­тво по­долг пер­и­од, во 2010 го­ди­на др­жа­ва­та пре­зе­ла го­ле­ми че­ко­ри кон це­лос­но во­ве­ду­ва­ње ста­бил­на устав­на мо­нар­хи­ја со во­ве­ду­ва­ње ре­фор­ми.

Еден од нај­скри­е­ни­те то­те­ми на де­неш­ни­ца­та, скри­ен во зна­че­ње­то де­ка е тоа, а и те ка­ко откри­ен за пог­ле­дот на кој и да по­са­ка, е те­ле­ви­зо­рот.

Мо­жеш да го гле­даш кол­ку што са­каш, мо­жеш и да ги ме­ну­ваш ка­на­ли­те, но ед­но не мо­жеш – да ја ме­ну­ваш со­др­жи­на­та. Тоа е мо­ќта на то­те­мот – тој ја ме­ну­ва со­др­жи­на­та на тој што гле­да во не­го (го обо­жу­ва, му го по­све­ту­ва сво­е­то вни­ма­ние). Кул­тот кон ТВ-при­ем­ни­кот во вто­ра­та по­ло­ви­на на два­е­сет­ти­от век (и по­че­то­кот на 21) ста­ну­ва, ве­ро­јат­но, нај­рас­про­стра­не­ти­от култ на пла­не­та­та Зем­ја. При­вр­за­ни­ци­те на овој култ, обич­но, ве­ру­ва­ат во си­те рек­ла­ми што се еми­ту­ва­ат од екра­нот на при­ем­ни­кот: поч­ну­вај­ќи од тие што про­па­ги­ра­ат пи­ја­ла­ци од ти­пот на „ко­ка-ко­ла“, авто­мо­би­ли, па­сти за за­би, пра­шо­ци за пер­е­ње, шам­по­ни за ко­са, озо­не­ри, то­а­лет­на хар­ти­ја и др. Си­те ма­ли не­шта на кои ци­ви­ли­за­ци­ја­та е не­по­врат­но нав­ле­че­на.

Еден од нај­ин­те­рес­ни­те па­ра­до­кси на та­бу­то по­вр­за­но со на­силс­тво­то е на­чи­нот на кој овој фе­но­мен се пре­не­су­ва во јав­но­ста. Иа­ко убис­тво­то е стро­го каз­ни­во де­ло и ка­ко та­кво осу­де­но во си­те мо­рал­ни про­пи­си, нај­стро­го за­бра­не­то, исто­вре­ме­но е и нај­ма­сов­но за­ста­пе­но во со­вре­ме­на­та филм­ска ин­ду­стри­ја – сце­на­рио за филм, кое не со­др­жи во се­бе еле­мен­ти на т.н. „ак­ци­ја“, што по­драз­би­ра за­си­ле­но ла­че­ње адре­на­лин про­пор­ци­о­нал­но со бро­јот на мр­тви­те, и уни­шту­ва­ње­то на око­ли­на­та ка­ко со­од­вет­на сце­но­гра­фи­ја, го но­си со се­бе ри­зи­кот да не прив­ле­че вни­ма­ние кај гле­да­чи­те. Oд ед­на стра­на, тоа е за­бра­не­то, а од дру­га стра­на, во си­те об­ли­ци на ви­део и на ау­ди­о­по­ра­ки му се ну­ди на гле­да­чот во вид на се­да­тив или за­ме­на за за­до­во­лу­ва­ње на не­го­ви­от (по­тис­нат) агре­си­вен на­гон. Нај­до­бар при­мер за ова е ко­мер­ци­јал­ни­от дел на аме­ри­кан­ска­та филм­ска про­дук­ци­ја, ко­ја, во го­ле­ма ме­ра се за­ни­ма­ва со те­ма­та „те­ро­ри­зам“, „на­пад од вон­зем­ја­ни“ и сл., до тој сте­пен што во де­неш­но вре­ме, ко­га се слу­чу­ва не­ка­ков те­ро­ри­стич­ки на­пад во ре­ал­но­ста, освен ме­сто­то што е ди­рект­но по­го­де­но од „на­па­дот“, оста­на­ти­от дел од све­тот што го сле­ди на­ста­нот пре­ку ин­тер­нет, со­ци­јал­ни­те мре­жи или пре­ку ве­сти­те на свет­ски­те но­вин­ски аген­ции, не мо­же ви­стин­ски да на­пра­ви раз­ли­ка да­ли се ра­бо­ти за ме­стен­ка, за до­ку­мен­та­рен или игран филм, или за ви­стин­ски на­стан. Ба­рем та­ков бе­ше ефе­ктот од пос­лед­но­то це­лод­нев­но из­ве­сту­ва­ње за те­ро­ри­стич­ки­от на­пад на бо­стон­ски­от ма­ра­тон (breaking news – terror attack at boston marathon) на „Си-Ен-Ен“…

Ко­ле­ктив­на­та свес­ност е со­се­ма нак­лу­ка­на со сли­ки за ре­ал­ност во кои агре­си­ја­та и по­крај за­бра­на­та, се спро­ве­ду­ва во пра­кти­ка, без раз­ли­ка да­ли се знае кој и зо­што го пра­ви тоа, од­нос­но кои се при­чи­ни­те, мо­ти­ви­те и цел­та на си­от тој хо­рор. Ам­би­ва­лент­ност? Ли­це­мерс­тво?  Во­о­би­ча­е­на пси­хо­па­то­ло­ги­ја на се­којд­не­ви­е­то? Кој ги инс­пи­ри­ра те­ро­ри­сти­те? Кој по­сти­ра ту­то­ри­ја­ли за „ка­ко во не­кол­ку ед­но­став­ни че­ко­ри да изра­бо­тиш бом­ба“ ре­чи­си тол­ку на­ив­но кол­ку и те­сто за па­ла­чин­ки, ко­лач со си­ре­ње или куг­лоф со чо­ко­ла­да? Тол­ку за та­бу­то на од­го­вор­но­ста.

Во исти­от кош спа­ѓа­ат и та­бу­то за па­ри­те, се­ксот, дро­га­та, ал­ко­хо­лот, оруж­је­то…. ле­ко­ви­те и, нај­на­крај, хра­на­та. Во де­неш­но вре­ме ве­ќе ни­кој и ни­што не мо­же да би­де га­ран­ци­ја за тоа што ја­де­те и да­ли утре од ме­ди­у­ми­те ќе доз­на­е­те де­ка пре­крас­ни­от вкус на ла­за­њи­те бил, всуш­ност, по­ра­ди ге­нет­ски мо­ди­фи­ку­ва­ни­те хор­мо­ни во коњ­ско­то ме­со под­мет­на­то ка­де што не му е ме­сто по­ра­ди до­пол­ни­те­лен про­фит… „И ко­њи­те ги уби­ва­ат, зар не“ (They shoot horses, don’t they?)… ка­ко што ре­че го­ле­ми­от бо­рец за за­шти­та на пра­ва­та на жи­вот­ни­те во ми­на­ти­от век Џејн Фон­да.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top