Во ликовниот салон на Народен музеј Велес вечерва, 3 март, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Момент на впечатоци 2“ од новинарката Каролина Мицевска.
На изложбата ќе бидат претставени 24 фотографии. Дел од фотографиите се ново видување на пределите од авторката, а дел се од првиот циклус „Момент на впечатоци“ кој авторката го презентираше претходните години.
Изложбата е резултат од нејзините убави моменти минати низ Македонија и повеќе европски земји со посебен акцент на Русија бидејќи поголемиот дел од фотографиите се настанати при нејзините две посети на Русија.
Мицевска досега имала изложби во родниот Прилеп, во Радовиш, Гевгелија, Неготино, Крушево…
Работи како новинар во Центарот „Марко Цепенков“ во Прилеп и подолги години е дописник на весникот „Нова Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.