| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Февруари невообичаено топол

Февруари беше невообичаено топол месец во Македонија. Средната температура на воздухот измерена кај нас се движеше од 4,4 Целзиусови степени во Маврово,  10 во Гевгелија, 8,5 степени во Скопје, 7,7 степени во Охрид, 8,4 степени во Прилеп, 9,3 степени во Струмица, 10,0 степени во Штип, 10,7 Целзиусови степени во Демир Капија.

Според информациите од УХМР, средната месечна максимална и минимална температура е, исто така, значително повисока од вообичаената за овој период, и изнесува од 5 до 8 Целзиусови степени.

Апсолутната максимална температура на воздухот минатиот месец се движи од 17.7 Целзиусови степени во Маврово, 23,8 степени во Битола, 24,3 степени во Крива Паланка. Во Скопје на 24 е измерена температура од 24,3 Целзиусови степени.

Количеството на воден талог било нерамномерно минатиот месец. Најмногу дожд наврнал во Лазарополе и во Маврово, и тоа 116 мм, а најмалку во Демир Капија и во Гевгелија.

Најголемо дневно количество врнежи е забележано во Маврово.

Инаку, времето во Македонија денеска е променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за локален слаб дожд, особено попладне. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен локален дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток, кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен што ќе донесе заладување, односно температурата ќе опадне за неколку степени. Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег каде што се очекува да се формира и нова снежна покривка.

Викендов се очекува сонце во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top