Влијателниот италијански спортски дневник „Газета дело спорт“ тврди дека Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на Реал Мадрид и тоа по завршувањето на оваа сезона.
Тој на клупата треба да го наследи Зинедин Зидан кој полека ја губи довербата на управата на „кралевите“ и на навивачите бидејќи многу е далеку од освојување на шампионската титула во домашното првенство. еал Мадрид бил заинтересиран за Алегри и лани, по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите, но Јувентус не сакал да слушне да се раздели со својот тренер. Освен тоа, препорака за него дал потпретседателот на Милан, Адријано Галијани кој неколку сезони соработуваше со Алегри.
Трофејниот стручњак има уште една година од договорот со Јувентус, но раководството на клубот му понуди продолжување до 2018 година за плата од 4,7 милиони евра по сезона. Пред неколку недели, тој беше поврзуван и со Челси, но изгледа нема да има ништо од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.