Истражувањата покажауваат дека луѓето што јадат во друштво внесуваат дури 33 проценти повеќе калории. Со неколку совети вие може да го ограничите внесувањето непотребна храна, а притоа да не јадете сами
Партнерот
Ако сте во врска со пополничок партнер, шансите и вие да се здебелите се 37 проценти, тврди Синтија Зас за „Здравје“ („Health“). Според неа, најдобро е сами да си ја полните чинијата, а не партнерот, и да ставите само толку храна колку што сметате дека ви е доволна. Исто така, не изедначувајте ја количината на храна со партнерот. Помало тело бара и помалку храна.
Децата
Една студија покажа дека мајките дневно внесуваат околу 400 калории повеќе од жените без деца. Избегнувајте ги ужините и слатките што им ги давате на вашите деца, а место нивниот калоричен оброк, згответе нешто полесно за себе.
Друштвото
Слично како кај партнерот, доколку вашите најдобри пријатели се склони кон дебелеење имате 57 проценти поголема шанса и вие да се здебелите. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Аризона вели дека луѓето се многу сугестибилни, па лесно прифакаме брза храна кога некој ќе предложи. Место тежок ручек, одберете салата или готвено јадење кога сте заедно со вашите пријатели.
Колегите
Луѓето што јадат со седум или повеќе луѓе, јадат дури 96 проценти повеќе храна отколку што обично консумираат. Кога веќе ручате заедно со колегите, одберете помала или поздрава порција за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.