Стеван Јоветиќ од лето би можел да му се приклучи на Атлетико Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Црногорскиот репрезентативец оваа сезона настапува за Интер како позајмен фудбалер од Манчестер сити, но сосема е извесно дека од следната сезона ќе оди во нова средина. Јоветиќ би можел да му се приклучи на Атлетико, кој за негов ангажман е подготвен да плати отштета од 16 милиони евра.
Се претпоставува дека овој износ ќе ги задоволи челниците на Сити, и дека Црногорецот од јуни ќе им се приклучи на „јорганџиите“. Јоветиќ на почетокот од сезонава имаше одлични настапи за Интер, но како што одминуваше времето сè поинтензивно следуваше пад во формата. На 23 натпревари постигна шест погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.