| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси

Апсолутната доминација во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер Сити ја прикажаа вчера во дуелот со се уште актуелните шампион Челси. На четата на Пеп Гвардиола сега и требаат само уште четири победи во преостанатите девет кола за и математичи да ја потврдат титулата на шампион на Англија.

Екипата на Пеп Гвардиола на вчерашниот дуел имаше дури 902 успешни додавања (од 975. обиди), што е рекорд на Премиер лигата откако овој ефект се мери, почнувајќи од сезоната 2003/2004. Освен тимскиот, „граѓаните” во истата оваа прилика поставија и еден индивидулен рекорд во оваа категорија.

Илкај Гундоган точно додал дури 174. пати. Колку неговиот рекорд изгледа навистина импресивен сведочи уште една споредба: целата екипа на Стоук на вчерашниот дуел против Саутемптон имаше вкупно 162 додавања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top