Македонската Дејвис Куп репрезентација во состав Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Дејан Маринковиќ- капитен, од утре во Талин, Естонија, ги очекува своите натпревари во рамките на Дејвис Купот од Третата европска зона.
На ова натпреварување, покрај Македонија, ќе учествуваат и репрезентациите на Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Естонија, Грција, Исланд, Ирска, Косово, Лихтенштајн, Малта, Молдавија, Сан Марино и Црна Гора.
Ќе се игра првите три дена во групи секој со секого по што ќе следат полуфиналните натпревари за пласман во Втората Евро-африканска зона. Групите ќе бидат составени од по четири репрезентации, а во полуфиналните натпревари ќе се пласираат првопласираните репрезентации од секоја група. Останатите селекции ќе разигруваат за пласман од 5. до 16. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.