Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ организира меѓународна изложба посветена на традиционалниот украс, мартинките. Овој настан е дел од активностите по повод меѓународна апликација до УНЕСКО за признавање на мартинките како светско културно наследство. Свеченото отворање е закажано за утре (1 март, вторник) во 12 часот на вториот кат од ТЦ „Сити мол“.
На изложбата ќе биде прикажана и најдолгата мартинка во светот која со должина од 17 км е влезена и во Гинисовата книга на рекорди. Ќе присуствуваат и гости од културни институции од Бугарија, Србија и Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.