Музејот на современа уметност во Скопје вчеравечер беше претесен за љубопитните љубители на уметноста на Хенри Мур. Просторот беше преполн со публика нетрпелива да ги види делата од британскиот уметник, еден од најголемите скулптори на 20 век.
И еден час по отворањето на изложбата, салата беше преполна за да можете да ги разгледате делата. Претставени се 80 графики и 6 скулптури.
Изложбата ја отворија харизматичните Британци – Тони О’Брајан, директор на Британскиот совет за Западен Балкан, Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство во земјава, и Дејвид Мичинсон, куратор на изложбата и близок соработник на големиот уметник.
Пред присутните се обратија и министерката за култура, Елизабета Канчееска-Милевска, и Елиза Шулевска, директорка на МСУ.
Меѓу посетителите можеа да се забележат личности од културниот и од јавниот живот на земјава, естрадни уметници итн.
Фото:Игор Ангеловски(Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.