| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки утре е денот кога треба да клекнете и да ја побарате раката на вашето момче

29 - февруари денот што го живееме секои четири години

zaprpsuvanje

Ксмет е да се родиш на 29 февруари
Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top