Неговата диета со интегрален ориз се предлага како третман за прочистување кај болни лица, бидејќи телото го ослободува од токсините, го намалува вишокот масно ткиво, воспоставува рамнотежа на водата и натриумот во организмот и ги ублажува дигестивните пречки.За разлика од белиот ориз, интегралниот ја задржува својата обвивка и ’ркулецот и поради тоа содржи повеќе хранливи материи.
Токму поради тоа, интегралниот ориз поспоро се разградува, и затоа е одличен избор за сите кои одбегнуваат нагло повишување на инсулинот.
Интегралниот ориз е комплексен јаглехидрат кој споро се разградува и споро му дава енергија на телото. Освен што ја подобрува дигестијата, овој ориз делува превентивно како заштита од рак на дебелото црево, од болести на срцето, како и за дијабетес.
Диетата со интегрален ориз дозволува консумација на свежо овошје, освен банани, а од зеленчук освен печурки и пченка, како и зачински билки како што се лук, магдонос, ѓумбир.
Оброците од интегралниот ориз на тој начин ќе ги збогатите со свеж или термички обработен зеленчук, а најдобро е зеленчукот кратко да го сварите во вода или на пареа. Оризот приготвувајте го на маслиново масло или ленено, но имајте на ум дека оваа диета не смее да се применува подолго од десет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.