
Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед Маркус Рашфорд не ни сонуваше дека своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ ќе го има во Лигата на Европа, и дека ќе го прослави со два постигнати гола. Тој погоди два пати против Митјиланд во триумфот од 5-1 и на најдобар можен начин блесна на „Олд трафорд“. Фановите беа воодушевени, гледајќи во него нова идна ѕвезда на нивниот тим.
Одушевена е и фудбалската јавност во Англија, со оглед дека Рашфорд го урна и рекордот на прославениот Џорџ Бест, кој беше активен повеќе од половина век, или поточно 51 година.
Рашфорд стана стрелец за Манчестер јунајтед во европските купови со 18 години и 117 денови, надминувајќи го остварувањето на Џорџ Бест од далечната 1964 година, кога тој на возраст од 18 години и 158 денови ја затресе мрежата на Ѓургарден во Купот на саемските градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


