| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Метафори на постоењето“ во ликовниот салон во Велес

Во организација на Народниот музеј вчеравечер, 25 февруари, во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба насловена „Метафори на постоењето“..

На изложбата беа прикажани дела од ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски, и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола и Јакуп Неиџела.

Тие во Велес се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно, фотографија, цртеж и компјутерска графика.

Како што појасни ликовниот уметник Стојче Тоциновски, тој и сопругата Емилија Тоциновска која исто така е ликовен уметник, заедно творат веќе три години.

– Ние работиме во техника акрил на платно, а специфично за нас е и тоа што двајцата заедно работиме на едно платно, исто како да работи една рака. На нашите минијатурни платна се изработени пејсажи кои се стилизирани и апстрахирани, веле Тоциновски.

Инаку изложбата првично во декемви беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје, а по Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top