| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран изложба за 100 години од Првата светска војна

Во Музејот на Првата светска војна во Стар Дојран денеска, 26 февруари ќе биде отворена изложба „Одбележување 100 години од Првата светска војна: Британија и Македонија“.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Велика Британија во Скопје во соработка со Општина Дојран.

Во негови рамки во декември и јануари беа организирани работилници кои ги водеше историчарот д-р Александар Стојчев.

Учествуваа средношколци и претставници на локалната самоуправа во Дојран кои обработуваа изворен музејски материјал, извори од литература на англиски и на македонски јазик со цел да се подготви изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top