Познатата марка за долна облека „Викторија сикрет“ оваа година за Денот на вљубените Свети Валентин излезе со нови слогани – „Сакај ме повеќе“ и „Разгали ме повеќе“ и понуди предизвикувачка колекција со многу силна црвена, розова и црна варијанта.
Секс-корсети, проѕирни материјали, подврски и комбинезони се само дел од изборот што го нуди „Викторија сикрет“.
Колекцијата што ја нуди „Викторија сикрет“ нуди класични модели на градници што ги подигаат градите, корсети, гаќи со висока половина, ношници и боди со корсет. Тоа што е важно за моделите е дека и покрај панделките, тантелата и везовите, тие се удобни.
Според моделите, тие многу потсетуваат на долната облека од 60-тите години на минатиот век, особено гаќите со висока половина и ношници со корсет.
Новата колекција на „Викторија сикрет“ за Св. Валентин е сензационална и романтична во исто време.
За целосниот впечаток на новата модна линија на „Викторија сикрет“ се погрижија Адријана Лима, Лили Олдрич и Кендис Свенпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.