Шабан Шаулиќ веќе неколку месеци не живее во семејниот дом, туку во викендичката во Крчедин, бидејќи сопругата Гоца го исфрлила од дома. Причината е неколкугодишната афера со Ивона Неговановиќ Цуца, која Гоца прво се обиде да ја прости, но бидејќи приказната е актуелна веќе три години, таа одлучи да им стави точка на 40-те години брак и отсега секој да си оди по свој пат.
-Знаејќи ја Гоца, нивниот брак повеќе нема шанси бидејќи, кога таа нешто ќе одлучи, така мора да биде. Сега одлучи да го остави Шабан, бидејќи бракот им е нестабилен откако се дозна за изневерувањето. Се обиде да глуми идила, но не може веќе да издржи. Сфати дека не го сака, дека не сака да живее со него под ист покрив и му кажа да си ги собере парталите и да оди во викендичката- открива извор близок до семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.