Управата на КК Куманово донесе одлука да го разреши првиот тренер на екипата Страшо Тодоровиќ по раната елиминација од Купот на Македонија.
Најдобриот тренер за 2015 година, Страшо Тодоровиќ,го наследи на клупата Љубисав Луковиќ, но не се задржа долго на тренерското место.
Куманово е актуелен вицешампион и амбииците се најмалку да се повтори ланскиот успех, за што е формиран навистина квалитетен состав со неколку македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања.
Новиот предводик на Куманово ќе биде поранешниот селектор на Македонија, Марјан Србиновски.
Србиновски досега работеше како прв тренер на Работнички, Торус и на Кожув, а лани имаше релативно неуспешна епизода како предводник на македонскиот национален тим на ЕП во Загреб. Тој ќе биде трет стратег на кумановци оваа сезона.
Популарниот Марче дебито на клупата на Куманово ќе го има веќе задутре и тоа на домашен терен против Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.