| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија два камиона кај Струмица

Вчера во 13.20 часот на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „даф“ со полски регистарски ознаки, управувано од Т.М.А. (40), државјанин на Р.Унгарија, и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (37) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на скопскиот камион Д.С., кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top