Луиз Адамс токму како и Викторија се занимава со мода и држи бутик. Сепак, неа никогаш нема да ја видите како позира со својата сестра.
Луиз е целосно поинаква од нејзината сестра. Таа е олицетворение на типична девојка од Англија. Не ја интересираат гламурот ниту пак светските џет – сет забави, а за разлика од нејзината сестра, гардеробата која ја дизајнира е намената за широките народни маси.
Луиз била мажена за англиски бизнисмен кој презимето на Бекам го користел за да привлече бизнис партнери. Бракот пукнал, а Луиз поради тоа паднала во депресија. Таблоидите шпекулираа дека во тие мигови токму Викторија и била најголемата поддршка.
Стилот на Луиза е далеку од гламурозниот моден израз на госпоѓата Бекам и како што во неколку наврати изјавила неа не и најважно да ги импресионира луѓето со високи потпетици и совршена фигура. Можеби токму тоа е причината што таа живее во сенка и што Викторија никогаш не се појавува со неа во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.