„Славните служат славните дружат” беше паролата под која пред повеќе од 10 години се одржа хуманитарна акција во која учествуваа повеќе познати музичари и јавни личности од Македонија. Во улогана келнери, познатите собираа бакшиш кој беше дониран за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври” во Скопје. Во тогашното кафуле „Алиби” дел од персоналот беа Тоше Проески, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Угро, Мартин 99, Каролина Гочева и многу други.
Слична акција се организираше пред две години во кафулето „Драма“, каде познатите собираа средства за лекување на млад скопјанец.
Фото:Вистина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.