Десет часа откако поднесоа оставки од нивните позиции во преодната влада, министрите Оливер Спасовски, Фросина Ременски, како и замениците Кире Наумов, Љупчо Николовски, Александар Кирацовски ги повлекоа своите оставки. Тие го известиле претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски дека поднесените оставки ги повлекуваат.
Во условот што го поставија во оставките, министрите и замениците, кои се од редовите на СДСМ најавија дека ќе бараат тие да се активираат доколку Собранието вечерва се самораспуштеше. Со оглед дека, како што е најавено, распуштање вечерва нема да има, тие ги задржуваат министерските позиции во преодната Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)