Денес , пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија доставија предлог одлука за формирање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30-ти септември 2018 година.
Покрај периодот на кампањата, анкетната комисија ќе има за задача да ги провери индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности односно фалсификување на резултатите преку полнење на кутии.
Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање односно негласање мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност.
Анектната комисија ќе има задача да утврди дали за време на кампањата постоело поткупување на гласачите и правење на притисоци од одредени избрани и именувани јавни функционери.
Како претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија имаме одговорност и обврска да утврдиме како и за што беа потрошени финансиските средства во кампањата за референдумот, со оглед дека беше финансирана од Буџетот на Република Македонија.
Анектната комисија треба да ја разгледа и утврди политичката одговорност за резултатите од референдумот, нарушениот углед на институциите и потрошените средства од Буџетот.
Целта на оваа Анкетна комисија е низ дебата да ги утврди сите аспекти од референдумското изјаснување на 30 септември 2018 година и враќање на довербата на граѓаните во институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата