| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на нови книги од едицијата „Македонски дејци“

Нови монографии од едицијата „Македонски дејци“, проект на Филозофскиот факултет од Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука ќе бидат промовирани денеска, 23 февруари, во Музејот на македонската борба.

На промовирањето на новите изданија е најавено присуство на заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Проектот „Македонски дејци“ почна да се реализира во 2013 година по повод одбележувањето 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација.

Книгите во едицијата се посветени на личности од македонската историја кои од разни причини останале помалку познати за јавноста.

Целта на проектот е да се расветли делото, придонесот и стремежот на некои македонски дејци за македонска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top