| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судскиот процес за Диво насеље

Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановското Диво насеље, кои се случија во мај минатата година треба да продолжи денеска во Врховниот суд. Пред Судскиот совет треба да сведочат полицајци што учествуваа во акцијата.

Обвинетите се обвинуваат за тероризам и за учество во терористичка организација.

На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.

Обвинителството тврди дека нападот во Диво насеље бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановското Диво насеље група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top