| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонска диета: Десет килограми помалку за десет дена

Познатата диета на јапонските монаси станува многу популарна во светот, но и кај нас. Се препорачува да се практикува еднаш во шест месеци во траење од 10 дена и резултатите се фантастични.

Оваа диета може да се опиша како еден вид детоксикација на организмот. Се јаде само една намирница – ориз! И тоа во големи колични.

На почетокот на секој ден се готви пола килограм ориз и во него додајте една голема кисела краставица и неколку помали. Додајте и две чешниња лук и тоа го јадете цел ден. Ако мора да посолите, земете хималајска сол и тоа во помали количини.

Можете да јадете кога сакате и најдобро е количината да ја поделите на повеќе помали оброци. Многу е важно да јадете полека и секое парче да го џвакате 20 пати.

За да ја избегнете едноличноста за овие 10 дена, со оризот може да додадете и салата од свеж зеленчук зачинета со малку маслиново масло. Сок од лимон со вода се препорачува како додаток, како и зелен чај.

Другите пијалоци се забранети, а се препорачува конзумирање вода најмалку два литра дневно. Шеќерот е забранет, како и овошјето. За десет дена може да ослабнете и до 10 килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top