| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки лесно до финалето, Металург и Прилеп ќе играат мајсторка

Ракометарките на Вардар се првите финалистки во Суперлигата по уверливиот триумф од 17 разлика, против втората екипа на Металург. Лесно со 29-12 силниот тим на Вардар славеше и во финалето го чека подобриот од вториот полуфинален пар каде е израмнето 1-1 во победи. Првиот тим на Металург и Прилеп ќе играат мајсторка во Скопје, откако вечерва прилепчанки победија со 25-22.

Финалната серија за шампионската титула во домашното првенство треба да почне на 27/28 април, кога ќе се одигра првиот натпревар, на кој Вардар ќе биде домаќин, без разлика на противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top