| четврток, 6 декември 2018 |

„Шок“ во Грција: Ксидакис ја нарекол нашата земја Македонија

makedonija

„Шок: Ксидакис го нарече Скопје со името Македонија“, со вакви наслови денеска се огласија неколку грчки портали и онлајн изданија на некои медиуми коментирајќи изјава на грчкиот заменик­ министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Никос Ксидакис.

Според грчките медиуми, Ксидакис дал интервју за словачкиот весник „Правда“ во врска со кризата со мигрантите и бегалците, во кое нашата земја ја нарекол Македонија.

„Загрижените“ портали коментираат дека тој бил толку многу задоволен со интервјуто, што го објавил и на неговата Интернет страница.

-Никој ли не се прашува зошто заменикот министер за европски прашања избра во овој момент да го усвои терминот Македонија. Очигледно никој не ‘забележува’ што се случува- коментираат грчките портали.

Тие се прашуваат дали министерот е информиран за заедничката одлука на советот на политички лидери на Грција за сложено име со географска одредница и за јасно искажаниот став на премиерот Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас за „именувањето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top