| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ го тужи овој град и бара да му исплатат 650.000 долари!

Најдобриот тенисер на светот  Новак Ѓоковиќ го тужи градот Рио де Жаниеро бидејќи му останале должни пари за егзебициониот меч со Густав Куертен кој бил одигран во 2012 година, па челниците на градот домаќин на Олимписките игри оваа година ќе мора да му исплатат 650.000 долари.

Novak-Djokovic-ljut-600x338

Новак требало да добие 1,1 милиони долари за одигран меч, а парите требале да бидат исплатени на три рати.

На првиот тенисер на светот му се уплатени две рати од 450 илјади долари, но не и третата, па најдобриот тенисер на светот решил да го тужи градот, пренесуваат бразилските медиуми.

Како пренесуваат бразилските медиуми локалните власти на Ѓоковиќ ќе му исплатат 650.000 долари.

Ѓоковиќ и Куертен одиграа меч на „Мараканазињо арена“ пред 10.000 гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top