| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ им дава предност на противниците, па ги победува

Новак Ѓоковиќ, по вторпат едноподруго победува со пресврт на турнирот во Монте Карло, а по триумфот од 2-1 во сетови против Михаил Јужњи, денеска го надигра и Хуан Монако. На двата меча Ѓоковиќ го губеше првиот сет, но не дозволи елиминација и славеше и против рускиот и против аргентинскиот тенисер.

-Одиграв уште еден тежок меч, а како одминува турнирот се обидувам да се вратам во победнички ритам. Се надевам дека во финишот ќе бидам поуспешен – рече прворангираниот светски тенисер.

Во следното коло тој ќе игра против Јарко Ниеминен, тенисер што го направи најголемото изненадување со елиминација на Хуан Мартин дел Потро. Во аут е и Томаш Бердих по поразот од Фабио Фоњини, а се прости уште еден фаворит, Енди Мареј. Тој загуби од Станислас Вавринка, но тоа не е сензација, ако се знае дека Швајцарецот ги има добиени сите 3 меѓусебни дуели со шкотскиот тенисер на земјени подлоги.

Во четвртфиналето ќе игра и Рафаел Надал осумкратниот актуелен шампион во Монте Карло. Тој е непоразен во градот на коцката од 2004 година, а следната година го почна неверијатниот шампионски од во Монте Карло.  Противник за пласман во полуфиналето ќе му биде талентираниот Бугарин, Григор Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top