| четврток, 6 декември 2018 |

Природен чај за слабеење кој го топи салото од стомакот

Овој рецепт предизвика неверојатна глобална интернет реклама. Веројатно, затоа што навистина делува. Последниве месеци актуелен е чајот за кој жените ширум светот се колнат дека е делотворен како природно средство за слабеење.

Состојки: 

-зелен чај

-цимет

-ловоров лист

Сите овие три состојки одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.

Како се приготвува овој природен чај за слабеење?

800 мл вода

1 стапче цимет

3 ловорови листови

1 рамна лажица зелен чај

Постапка:

Водата загрејте ја до зовривање. Тргнете од оган, па во водата ставете го стапчето цимет, ловоровите листови и една рамна лажица зелен чај. Поклопете и оставете 15 минути да отстои. Процедете.

Начин на консумирање:

Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдоброто време за негово забрзување е – рано наутро, веднаш после будењето. Првата шолја чај испијте ја на гладен стомак.

Втората шолја можете да ја испиете веднаш после појадок. А третата – навечер, непосредно пред спиење. Тоа е доволно.

Три шолји од овој чај дневно – гарантирано ќе започнете да слабеете – мастите се отстрануваат од „значајните места на телото“. Првите резулати се видливи после седум дена.

Се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и намалување на тежината треба да биде проследен со избалансирана исхрана и умерена физичка активност.

Не се препорачува кај бремени жени и доилки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top